Почина 30-годишна родилка во Тетово, бебето преживеа

Триесетгодишна родилка починала во тетовската болница, а бебето преживеало и е пратено на Детската клиника во Скопје.

img

– Во тешка состојба синоќа е донесена родилка од Желино со висок крвен притисок. Веднаш и е дадена соодветна терапија, но пациентката паднала во кома. Колегите успеале да го извадат живо бебото, изјави началникот на Гинеколошко одделение при Клиничка болница Тетово, доктор Нагип Руфати.

Појасни дека биле повикани дополнителни медицински екипи анестезиолози, интернисти и други специјалисти, но и покрај многубројните обиди тие не успеале да ја реанимираат пациентката.

На родилката ова и била втора бременост. 

 


 

 

Facebook impact:

Објавено сабота, 30 септември 2017 06:21:00
Напишано од емилија