Почнува есента

Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата почнува денеска во 22 часот и две минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува пролетта.

img

На почетокот на есента, Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 33 минути. Денот ќе трае 12 часа и 14 минути.

Метеоролозите за денеска најавуваат сончево и посвежо време со умерена облачност со умерен северозападен ветер, кој повремено ќе се засилува долж Повардарието. Во вечерните часови облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 16 до 23 степени.

Есента ќе трае до 21 декември кога настапува зимата.

Тагови:

есен

Facebook impact:

Објавено петок, 22 септември 2017 08:43:00
Напишано од емилија