Протестен марш и вечерва беше организиран во Неготино

Протестен марш и вечерва беше организиран во Неготино, пред присутните се обрати Влатко Ристов, дипломиран новинар.

img

– На почетокот сите си мислеа дека Македонецот е неиздржлив и дека ќе се откаже од оваа секојдневно марширање. Над педесет денови секојдневно низ цела Македонија граѓаните бараат отфрлање на Тиранската платформа, нагласи Ристов.

Притоа додаде дека граѓаните бараат само отфрлање на Тиранската платформа која, како што рече, има за цел да воведе во државата двојазичност на цела територија, промена на химната, знамето, грбот и на крајот промена и на името на државата.

– Дали ние ќе дозволиме некој за тоа да се пазари, да се пазари за националните интереси, дали ќе дозволиме предавници подмолно да ни ја продаваат државата. Одговорот е едно големо “не”. Никогаш ние тоа нема да го дозволиме. Нашето знаме е македонско, нашето име е македонско, нашето писмо е македонско и кирилично. Никој нема право тоа да го менува. Не постои човек партија во оваа држава на кој треба тоа да му го дозволиме, истакна тој.

Рече дека никому нема да му се дозволи да ја дели државата, за да биде на власт.

Додаде дека никому нема да му успее да ја протне платформата на мала врата. Повика да се врати платформата или нејзините приврзаници да излезат со неа на и избори, па народот да одлучи.

– Народот нека одлучи дали сака федерализација, двојазичност, промена на знаме, име, грб, или пак сака да живее во ваква Македонија каква што е сега. Реки крв се пролеаа за оваа држава. Должни сме им на сите борци кои ги дадоа своите животи за оваа парче земја. Нема да дозволиме некој тоа да го уништи. Нема да дозволиме никакви пазарења со националните интереси, зошто оваа држава е македонска и секој кој живее во неа треба да се декларира како Македонец. Светите зборови на хероите мора да ги почитуваме, оваа света земја мора да ја браниме, оваа парче земја мора да го сочуваме,  името Македонија мора да остане, знамето македонско мора да остане, порача Ристов.

Facebook impact:

Објавено петок, 21 април 2017 20:15
Напишано од sasho




Барај