ВМРО- ДПМНЕ: Заев на своја кожа ја почувствува истрајноста и упорноста на стотиците илјади граѓани

Народот секогаш победува. Криминалецот Зоран Заев јавно се обврза дека ја отфрла Тиранската платформа и дека ќе престане со антидржавната и антинационална политика, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

img

Зоран Заев веќе нема простор за манипулација на граѓаните. Зоран Заев на своја кожа ја почувствува истрајноста и упорноста на стотиците илјади граѓани да се изборат за зачувување на државните интереси, за зачувување на унитарноста и отфрлање на секакви платформи.

Зоран Заев свесно ја држеше Република Македонија во заложничка криза, а можеше уште пред три месеци да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ, да ја отфрли Платформата и да заврши кризата.

Сега целата одговорност останува кај криминалецот Заев. Тој ќе мора да избере дали ќе ја отфрли двојазичноста на банкнотите, униформите и носењето на резолуција за геноцид врз албанците или ќе си го погази зборот и ќе тргне спротивно на ветувањата дадени пред сопствениот народ.

На криминалци кои лажат не може да им се верува. Затоа мора будно да се следи секој преземен чекор на Зоран Заев.

Зоран Заев со своите чекори и постапки, погазување на Устав и Деловник на Собранието покажа дека единствен мотив му е да ги испорача наредбите од наредбодавачите. Ваквото однесување полно со неодговорност, нелегитимитет и деструкција нема иднина.

Facebook impact:

Објавено петок, 19 мај 2017 09:20:00
Напишано од Виолета