Зимскиот распуст ќе започне порано?!

Министерството за образование не ја исклучува можноста зимскиот распуст да започне порано поради загаденоста на воздухот, објавува факултети.мк.

img

– Ако се утврди потребата, ќе размислиме за предвремено почнување на зимскиот распуст. Сепак, секој прекин на наставата мора да биде надоместен. Така, доколку зимскиот распуст почне порано, неработните денови би морале да се одработат и учебната година би завршила подоцна од 10 јуни. Или учениците би одработувале викенди во текот на второто полугодие затоа што вкупниот фонд на наставни денови мора да биде 180 за да се реализира фондот на предвидени часови –  велат од МОН.

Од Министерството сепак не го поддржуваат бојкотот на наставата најавен за в среда.

– Поддршка на иницијатива за бојкот на настава не можеме да дадеме од проста причина што тоа е на штета на наставниот процес. Сепак, Законот предвидува дека училиштето ќе мора да изнајде начини за да го реализира фондот на предвидени часови по соодветните наставни предмети, како и вкупниот број 180 наставни денa – велат од Министерството за образование 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено сабота, 16 декември 2017 11:20:00
Напишано од Виолета