Кошаркар почина на тренинг во Охрид

Американскиот кошаркар со иницијали М.К.Т. (26) починал вчера во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид.

img

Од полицијата информираат дека кошаркарот пристигнал во Охрид со цел да игра за кошаркарскиот клуб АВ Охрид. Неофицијално, на кошаркарот му се слошило за време на првиот тренинг, по што починал во салата.

Веднаш била повикана Итна медицинска помош која констатирала смрт без траги на насилство кај Американецот.

Полициски екипи извршиле увид, а по наредба на јавен обвинител телото на кошаркарот е предадено на обдукција.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 05 октомври 2016 10:10:00
Напишано од Елена


Последни вести