Севиља губеше 3- 0 на полувремето на крај стигна до 3- 3: Нивниот тренер на паузата им открил дека боледува од рак

Севиља изедначи во последните минути од натпреварот и стигна до вреден бод, иако беа во целосно изгубена ситуација, а играчите после голот истрчаа кај својот тренер во прегратка.

img

Севиља и Ливерпул на Санчез Писхуан одиграа феноменална фудбалска партија каде што паднаа шест голови.

Натпреварот заврши 3:3, иако на полувремето Ливерпул 3:0 на полувремето, но тимот на Клоп тоа успеа да го прокоцка.

Сепак, одличната фудбалска претстава во Лигата на шампионите е фрлена во сенка откако се дозна дека тренерот на Севиља, Едуардо Берицо, боледува од рак на простата.

-Нашиот тренер има приватни проблеми и поубаво да причекаме до среда, порачаа од клубот пред дуелто со Англичаните.

Меѓутоа, тамошните медиуми дознале дека аргентинскиот тренер има сериозни здравствени проблеми поради кои мора да оди на операција.

Уште не е одреден точниот датум, но тоа би требало се случи многу брзо.

Севиља изедначи во последните минути од натпреварот и стигна до вреден бод од скоро изгубена ситуација, а играчите после постигнатиот истрчаа во прегратка на тренерот.

Евер Банега, играчот од средниот ред на Севиља го порача следново:

-Беше луд натпревар, дадовме се од себе и нашиот тренер ја сврте ситуацијата. Тој нас не водеше на вистинскиот и ова го успеавме поради него, кажа Аргентионецот.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 22 ноември 2017 04:36:00
Напишано од Виолета


Последни вести