Европскиот првак Алкалоид против лидерот на табелата Глобус во меч од 6.коло на ЕКК

Европскиот првак во шах Алкалоид денеска во мечот од шестото коло на Европскиот клупски куп што се игра во Анталија за ривал го има лидерот на табелата руската екипа Глобус. По поразот во второто коло Алкалоид постигна три убедливи победи и со осум поени се наоѓа на третата позиција, веднаш зад Глобус и Олдар Јурду, кои имаат по девет. Овие два тима вчера во меѓусебен дуел одиграа нерешено.

img

Ова е важен дуел за екипата на Алкалоид, која со триумф ќе има шанса и да ја одбрани титулата

На дуелот Алкалоид – Глобус распоредот на таблите е следен: Лирен Динг – Владимир Крамник, Павел Ељанов – Шахријар Мамедјаров, Дмитри Андрејкин – Александер Гришчук, Јанг Ји – Ју – Сергеј Карјакин, Дмитри Јаковенко – Аниш Гири и Јури Криворучко – Јан Непомниачи.

Втората македонската екипа учесничка на ЕКК Гамбит Асеко по двата пораза падна на 15.место на табелата и денеска ќе игра против Дунајска Стреда.

 

Facebook impact:

Објавено петок, 13 октомври 2017 11:24:00
Напишано од емилија


Последни вести