Почина познатиот американски пејач и глумец, Дејвид Касиди

Американскиот пејач и глумец Дејвид Касиди почина во болница на Флорида, каде што бил примен минатата седмица во критична состојба предизвикана од полиорганско оштетување.

img

Касиди, кој се прослави со телевизиската серија од 70-те години на минатиот век „Семејството Партриџ“, почина на 67-годишна возраст. 

Во февруари глумецот соопшти дека се повлекува од сцената поради тоа што страда од деменција.

Facebook impact:

Објавено среда, 22 ноември 2017 09:34:00
Напишано од Вероника