Сакал да се убие и рипнал во кафез со лавови

Франко Луис Ферад (20) се обидел да изврши самоубиство скокајќи во кафез за лавови во една чилеанска зоолошка градина.

img

Во зоолошката влегол како и сите посетители, уреден и со карта. Потоа им побегнал на стражарите, се качил на кафезот, се соблекол и скокнал.
 
Лавовите прво сакале да се играат со него и биле многу мирни, но по неговите провокации го нападнале! Еден од вработените се обидел со инекција да ги успие жестоките животни, но не успеал да ги погоди. Два лава, на возраст од 20 години биле убиени со пушка. 
Франко Луис Ферад бил хоспитализиран и неговата состојба е стабилна. На еден дел од нападот воопшто не се сеќава, затоа што една инекција наместо лавовите го погодила него.

Facebook impact:

Објавено четврток, 05 јануари 2017 14:55
Напишано од Емилија




Барај

Последни вести