Британски турист е тешко повреден откако излетал од тобоган во Хрватска

Во водениот парк во Пореч тешко е повреден државјанин на Велика Британија (61) кој поради засега неутврдени причини излетал надвор од патот на тобоганот и паднал на скали.

img

Како што соопшти локалната полиција, Британецот вчера попладне се спуштил со голема брзина низ тобоганот и излетал, а поради здобиените повреди е префрлен во болницата во Пула каде е утврдено дека има тешки повреди и е задржен на лекување, пренесуваат хрватските медиуми.

Истрагата се уште е во тек.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 28 август 2017 06:05:00
Напишано од емилија