Пред големиот празник, змии повторно ја „окупираа“ црквата на Богородица

Религиозниот празник Голема Богородица е еден од најважните во Грција, која важи за прилично религиозна земја. Кај нив овој празник се слави на 15 август, а поради различните календари ние го славиме на 28 август.

img

Во грчките медиуми деновиве една од топ темите е повторното појавување на малите змии во црквите по селата на островот Кефалонија, кои секогаш се појавуваат пред 15 август.

Интересен детал според пишувањето на грчките медиуми е дека некои од нив на главите имаат мал бел крст. Локалните жители, но и туристите одат по црквите да ги допрат, бидејќи веруваат дека на тој начин добиваат благослов.

емагазин.мк

Се вчитува прикажувачот на видео...

Facebook impact:

Објавено недела, 13 август 2017 01:22:00
Напишано од Емилија