Австриски војник на стража уби свој колега

Во виенската касарна „Војвода Албрехт“, 22-годишен војник усмрти негов колега со истрел во пределот на главата.

img

Полковникот Михаел Бауер од Министерството за одбрана потврди дека 20-годишниот регрут починал како последица од здобиените рани од истрелот.

Австриската воена команда покренала истрага со цел да утврди дали куршумот бил намерно истрелан или станува збор за несреќен случај.

Војникот, од чија пушка е истрелан куршумот, е уапсен.

 

Facebook impact:

Објавено вторник, 10 октомври 2017 01:43:00
Напишано од емилија