Кит дигнал брод во воздух

Покрај австралискиот брег денеска кит се судрил со спортски рибарски брод и го кренал во висина, при што едно лице изгубило свест, додека тројца туристи се здобиле со фрактури на коските на лицето и ребрата, изјави денеска капетенот на бродот Оливер Галеа, кој исто така е повреден.

img

Бродот, долг девет метри, се враќал од пристаништето во архипелагот Витсандејс, во државата Квинсленд, со осум патници, кога китот удрил во дното на бродот, и го кренал во воздух.

– За секунда сите се најдовме на подот, бродот се крена во воздух и повеќе никој не стоеше на нозе. Никој не знаеше што се случува, објасни капетанот.

Еден 71-годишен Јужноафриканец, кој се наоѓал на бродот, изгубил свест и веднаш му е укажана помош на самото место, додека четири лица се хоспитализирани.

Тагови:

брод кит

Facebook impact:

Објавено понеделник, 07 август 2017 05:53:00
Напишано од Виолета