Кои се најпаметните знаци во хороскопот?

Во хороскопот најчесто ги бараме најдобрите љубовници, најверните или “најзлобните” знаци, но дали некогаш сте се запрашале кои се најпаметните хороскопски знаци?

img

Во продолжение, ги откриваме 3-те најпаметни знаци во хороскопот.

За најпаметни знаци во хороскопот се сметаат воздушните знаци односно Близнаците, Вагата и Водолијата. Близнаците имаат брилијантен ум, Вагите се најпаметни во односите со луѓето, додека Водолиите имаат мозоци на научници, благодарение на кој го гледаат светот многу поразлично од другите.

Паметот на земјените знаци, односно Бикот, Девицата и Јарецот, најмногу се согледува во нивата способност да створат удобен живот, исполнет со материјални добра. Биковите тоа го постигнуваат со напорна работа и љубезност, Девицата со совршената организација, а Јарецот со својата способност сѐ да држи под контрола.

Огнените знаци го покажуваат својот памет низ способноста да поседуваат голема животна сила. Овенот е голем индивидуалец полн со истражувачки ентузијазам, Лавот има ентузијастична волја за водство, а Стрелецот има интуитивен жар кој не познава граници.

Водените знаци се најсилни кога станува збор за емоционалната интелигенција. Ракот е изразито грижлива личност која ќе направи сè за своето семејство и најблиските. Шкорпијата ќе направи сѐ за да допре до сржта на работите, не грижејќи се за пречките на патот, додека Рибите едноставно ги сакаат сите луѓе.

Facebook impact:

Објавено петок, 14 април 2017 04:26:00
Напишано од sasho



Последни вести