Ова се слабите точки на хороскопските знаци

Сите ние имаме некои слаби точки, но дали сте знаеле дека одредени слабоси можат да се поврзат со хорскопскиот знак? Ви ги претставуваме слабите точки на секој хороскопски знак.

img

Овен

Овните не сакаат кога им се наредува. Секој кој ќе проба да им нареди или да им каже како нешто да направат, тие нема повеќе да се дружат со таа личност. Ретки се овните кои ги сакаат своите шефови. И уште една работа која треба да се избегнува со овен е да не му зборувате за неговите мани.

Бик

Биковите не сакаат кога некој ги вознемирува додека се одмараат, ручаат или кога им ги допирате лични работи, со кои се поврзани. Ако ги прекинете во одмор или ручек, тие ќе станат многу нервозни, и тогаш е најдобро што побрзо да се отргнете од нив. Често забораваат дека нематеријалните работи се поважни од материјалните.

Близнаци

Близнаците можат брзо и лесно да се навредат ако им кажете да ќутат, дека тоа што го прават не чини или ако им кажете дека се досадни. Тоа може да доведе до престанок на секоја комуникација со вас. Близнаците исто така не сакаат да им кажувате како да возат за време на возењето.

Рак

Раковите е најлесно да ги изнервирате така што ќе им наметнете работа која нема врска со домот, луѓето или фамилијата. Едноставно не сакаат кога нешто мора да направат сами, без друштво. Ако пробате да им ја промените навиката, ќе наидете на голем отпор.

Лав

Лавовите највеќе мразат кога им се наредува. Не сакаат да зборат за своите финансии, затоа избегнувајте било какви прашања поврзани со нив. Не поднесуваат луѓе кои се фалат, и кои се прават важни во друштво. Исто така избегнувајте да ги будите, освен ако немате стварно добра причина за тоа.

Девица

На девиците никако немојте да им го критикувате стилот на облакање, како и нивниот распоред на мебел во куќата. Ако го направите тоа, девиците стануваат многу осетливи. И не пробувајте да им наредите каде мора да одат – најдобро е тоа сами да ви го кажат.

Вага

Немојте никако да ја наговарате вагата да ви го каже своето мислење, они ќе го кажат тоа сами кога ќе мислат дека е вистинско време. Вагите не поднесуваат караници, па ако пробате да се карате со нив, они едноставно ќе ве игнорираат или ќе отидат на друго место.

Шкорпија

Шкорпиите не сакаат кога им се наредува. Ако на тоа инсистирате, тие еднставно нема да ве послушаат, а може да се случи и да го направат баш спротивното. Ако ја повредите шкорпијата треба да знаете дека тешко простуваат, и никогаш не забораваат.

Стрелец

Стрелците едноставно не сакаат обврски. Они сами ќе направат нешто кога ќе им се прави, а ако ги терате, само ќе ја влошите ситуацијата. Не сакаат да го поминат своето време во затворена просторија и најдобро се осеќаат во природа. Исто не сакаат тивки личности.

Јарец

Јарците тешко ја поднесуваат туѓата неозбилност, бидејќи ретки се ситуациите кога они самите се неозбилни. Не сакаат кога ги брзате, од една едноставна причина : они секогаш каснат. Затоа и не сакаат состаноци кои се закажани во точно одредено време.

Водолија

Водолиите не сакаат спори луѓе, кој ги одолговлекуваат своите обврски. Со водолиите се мора да биде завршено одма, бидејќи едноставно не можат да бидат мирни ако имаат незавршена обврска. Тие сметаат дека живот без стрес и брзање не е живот. Единствено се плашат да останат сами, затоа мора да имаат пријатели околу нив.

Риби

Рибите тешко поднесуваат кога некој ги игнорира. Исто не можат да поднесат кога помагаат на некому, а таа особа не знае да ја цени нивната помош и труд. Рибите не можат да функционираат ако немаат некоја цел или мисија. Најдобро е да не им сметате додека нешто работа, бидејќи тоа може лесно да ги изнервира.

Facebook impact:

Објавено понеделник, 06 ноември 2017 08:40:00
Напишано од Вероника