Светиот владика Николај за Ноќта на вештерките: „Ние, православните христијани, не смееме да учествуваме во вакво идолопоклонство“

По падот на Берлинскиот ѕид, народите на комунистичкиот Исток некритички прифаќале сѐ што им се сервирало од Западот. Еден од новите празници кои луѓето требало да го прифатат, била тн. „Ноќ на вештерките“.

img

Овој празник срамежливо во деведесеттите години од минатиот  век на Балканот го воведувале ограноците на Џорџ Сорос, за денес овој пагански празник да биде воведен и во многу основни училишта. Така, благата покорност на идеите на еретичкиот запад влезе во својата вулгарна фаза. Во приложениот текст, ќе прочитате што за Ноќта на вештерките мислел светиот владика Николај.

„Како православни христијани, должни сме внимателно да го испитуваме секој облик на нашето занимавање со световни работи, вклучувајќи и разни забави, празноверија, обичаи и добро да разгледаме дали нашето учество во тие нешта и вонцрковни активности се во согласност со нашата света православна вера или не.

Во последните месец дена, сѐ нѐ потсетува дека се ближи празникот Хеловин: децата во училиште цртаат тикви, вештерки и лилјаци, родителите размислуваат како да нарачаат или сошијат идеален костим во кој нивните деца ќе одат по куќи и ќе бараат слатки „плашејќи“ ги соседите, од излозите се смеат ликови на вампири, врколаци и разни демони кои понекогаш изгледаат смешно, а понекогаш вознемирувачки. Многумина ќе се согласат да ги однесат децата на прослава на 31. октомври кога ќе зајде сонцето, иако тој обичај ни е стран и во најмала рака чуден.

Ова е позадината на Хеловин:

Овој обичај има потекло меѓу паганските келтски народи во Ирска, Британија и северна Франција. Тие верувале дека животот се раѓа од смртта, па за почетокот на својата нова година го земале крајот на есента, кога природата умира и кога, според нивното верување, почнува времето на мракот, распаѓањето и смртта. Тој ден го гаселе огнот на домашните огништа и секаде владеела темнина.

Според паганското келтско предание, душите на умрените целосно би паднале под власта на богот Самхаин, кнезот на смртта, на кого требало да му се принесуваат жртви дента на новата година, а Самхаин би дозволувал тој ден душите на умрените да ги посетуваат домовите на своите семејства. Отуука доаѓа обичајот за „маскирање“ во костури, духови, вештерки и демони. На тој начин би стапувале во „мистична“ заедница со починатите, преку чин на имитирање на мртвите и талкање по мракот. Според верувањето, душите на мртвите кои би доаѓале во „посета“ биле гладни и молеле за храна, па требало да се нахранат – оттука обичајот „трик или честење“. Доколку некој од живите не ја угостил душата на мртвите, би дошла одмазда од богот Самхаин.

Во времето кога овие народи го примиле христијанството, се одржало ноќно бдеење откако Црквата го вовела празникот „Сите свети“ на 1. ноември. Меѓутоа, оние коишто останале во паганство и окултизам, реагирале така што ги зајакнале своите опасни ритуали, така што ноќта пред христијанскиот празник станала ноќ на вештерки, магии, повикување зли духови и демони.

Дури доаѓало и до кражба и сквернавење на свети предмети. Така пропаднал обидот на Западната црква да се спротивстави на овој пагански обичај.

Јасно е дека православните христијани не можат и не смеат да учествуваат во ваква идолопоклонствена активност (макар била и забава за деца), бидејќи тоа директно претставува откажување од нашиот Бог и нашата света православна вера. Бидејќи, ако им дозволиме да се „маскираат“ и ги пуштиме навечер да талкаат и молат за слатки, со тоа доброволно се согласуваме на заедница со мртвите чиј бог не е келтското божество Самхаин, туку самиот Сатана, а слаткиите би претставувале принес кон него.“

Затоа, наместо да го „гасиме огнот на домашниото огниште“, тој ден треба да се запали свеќа пред икона, да се помолиме на Бога и да ни даде храброст да бидеме поинакви, да ни даде сила да опстоиме на неговиот пат и да не потпаднеме под влијанија.

Facebook impact:

Објавено недела, 30 октомври 2016 17:19
Напишано од Ирина




Барај