40 години живее со крената десна рака - еве зошто

Индиецот Амар Барати повеќе од 40 години ја држи својата десна рака постојано крената, а причина за тоа е духовноста.

img

Тој се одрекол од земските секојдневни удобности за да го посвети својот живот на хиндуистичкиот бог Шива (или божица, зависно од тоа во кој дел од Индија се наоѓате).

Мускулите на раката му се целосно атрофирани, а ноктите му се огромни и подвиткани. Сепак, неговата посветеност стана симбол на верата, па тој послужи како пример и за други хиндуистички монаси.

Барати вели дека положбата на неговата рака претставува постојан поздрав и дека тој тоа го прави за мир во светот.

Истовремено, тоа е и знак на протест против насилството.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 06 декември 2017 10:14:00
Напишано од емилија