Овие соништа не треба да ги игнорирате, реагирајте дури не е доцна

Толку време од животот поминуваме сонувајќи, што дури и многу од научниците сметаат дека сонот слободно можеме да го сметаме за алтернативна реалност.  Соништата се, генерално гледано, пресликана реалност, но симболите во нив можат мошне да влијаат на нашиот живот.

img

Постојат шест вообичаени и значајни сценарија кои често се појавуваат во соновите и кои барем еднаш сме ги доживеале. Овие сонови не треба да се игнорираат – секое од тие сценарија открива свое значење.

1. Летање

Соништата во кои летаме се многу чести и можат да значат моќ или проблеми со самодовербата. Клучниот момент во тие сонови е самото полетување. Тогаш всушност ги победувате своите граници. Летањето претставува слобода која е недостапна за човечките способности, па кога летаме ја препознаваме својата сопствена моќ (или недостаток од неа).
При „летот“ се открива и вашата состојба на умот. Глаткото полетување најчесто значи некој позитивен настан, додека паѓањето за време на летот обично означува морални дилеми. Во мистицизмот, летањето претставува можност за астрално патување.

2. Храна

Храната во соништата најчесто значи храна за душата, ама може да изразува и неисполнети желби. Кога не сме задоволни од животот, често се обидуваме да се задоволиме преку сонот, а храната кај многумина е првиот избор. Секоја намирница што се појавува во сонот може да има свое значење, зависно од бојата и обликот. На пример, оревот претставува ментални способности, додека мангото симболизира желба за телесен контакт.

3. Бегање

Ако некој ве брка во сонот, тоа е индикатор на тешкотии и страв, како последица на вашата ранливост и чувствителност во однос на одредено нешто. Голема е веројатноста дека некој физички ви се заканува, во спротивно не би бегале. Начинот на кој се сносите со ситуацијата во сонот, всушност, говори за тоа како се справувате со стресот и проблемите во секојдневниот живот.
Бегството може да симболизира избегнување на конфликт, но може и да ви помогне. Соочувањето со својот прогонител во сонот може да ви даде сила да се соочите со тешките ситуации во животот. Патем, ако во сонот вие сте својот прогонител, тоа значи дека сами себе се терате да ги совладате стравовите.

4. Симболи

Мистичните предмети во сонот, како крст, еднорог или боженство, се однесуваат на потребата за верување во нешто духовно, во виша сила. Предметот се наоѓа во вашиот сон како знак кој треба да ве потсети да побарате подлабоко значење. Тоа е последица на чувството дека одредена тајна, или тоа што некој ја преќутува, има моќ над вас. Во духовните традиции, светите објекти во сонот претставуваат духовна порака која би требало да ви ја покаже судбината.

5. Голотија

Голотијата во сонот е многу честа и може да има неколку значење, зависно од вашата моментална ситуација. Облеката генерално симболизира криење – луѓето се единствени живи суштества што го кријат своето тело. Ако сите останати се облечени, вашата голотија претставува ранливост и потреба од тоа да бидете прифатени.
Да сте голи во сонот може да значи и дека криете нешто за себе и дека се плашите некој да не го дознае тоа за вас. Од друга страна, може да значи и дека ништо не криете од другите – целосна искреност, која пак би можела да ве доведе во позиција на ранливост. Може да означува и егзибиционистичка желба да се биде во центарот на вниманието. Вие најдобро можете да процените.

6. Животни

Животните во сонот имаат посебно значење, кое зависи од видот на животното. Генерално, животните претставуваат дел од вашата личност или вашите стравови и надежи. Ако е животното диво, тогаш се работи за нескротен, потсвесен дел од вашата личност. Ако се работи за домашно животно, веројатно се однесува на вашата свест и разум.

Во многу култури се верува дека животно во сонот ја претставува вашата душа, како некој вид на тотем, и обично тоа животно најдобро ви одговара на карактерот. Во таквите учења, се смета дека во сонот, човекот може да научи да го следи своето животно и да ја открие вистината за себе. Ако тоа животно зборува, се смета дека претставува скриено знаење до кое не можете да дојдете на вообичаените начини.

Преку анализата на соништата можеме да научиме многу повеќе за нас самите. Сонот не е толку заштитен како што е нашата свест, па многу од емоциите и мислите што се плашиме да ги изразиме во будна состојба – токму тогаш доаѓаат до израз.

Тагови:

соништа

Facebook impact:

Објавено сабота, 18 ноември 2017 04:17:00
Напишано од Виолета