Рубљата го достигна највисокото ниво во последните 7 години наспроти доларот

Руската валута продолжува да зајакнува и покрај повикот на Централната банка за укинување на контролата на капиталот.

Владата смета дека руската валута во моментов е премногу силна, а некои официјални лица сугерираат нејзино слабеење на меѓу 70 и 80 рубли за долар. Централната банка и Ревизорската комора, пак, се изјаснија против валутните интервенции и ја поддржуваат досегашната политика за регулирање на стапката на инфлација.

Рубљата скокна на Московската берза во понеделникот, достигнувајќи ново повеќегодишно највисоко ниво во однос на американскиот долар. Релито доаѓа и покрај предлогот на Централната банка минатата недела да се укине контролата на капиталот што ја поддржа валутата во услови на меѓународни санкции.

Руската валута накратко падна на 55,44 рубљи за долар во понеделникот, што е нејзино најсилно ниво во однос на американската валута од јуни 2015 година, пред подоцна малку да се повлече. Рубљата исто така се тргуваше нешто над 58 во однос на еврото, исто така блиску до највисокото ниво во последните седум години.

Откако падна на рекордно ниско ниво на почетокот на март поради притисокот на западните санкции, валутата закрепна благодарение на поддршката од контролата на капиталот и силната трговска сметка на Русија, велат економистите. Меѓутоа, минатата недела, шефот на Централната банка на Русија повика на укинување на повеќето контроли на капиталот во обид да се ослабне рубљата.

Владата смета дека руската валута во моментов е премногу силна, а некои официјални лица сугерираат нејзино слабеење на меѓу 70 и 80 рубли за долар. Централната банка и Ревизорската комора, пак, се изјаснија против валутните интервенции и ја поддржуваат досегашната политика за регулирање на стапката на инфлација.

На почетокот на овој месец, Централната банка ја намали основната стапка на нивото од пред кризата од 9,5%, истакнувајќи дека инфлаторните ризици за земјата продолжуваат да се намалуваат. Стапката беше зголемена на 20 отсто откако Русија беше погодена со низа санкции од САД, ЕУ и нивните сојузници кон крајот на февруари.

Забрзаното закрепнување на рубљата, исто така, се припишува на зголемените цени на енергијата на меѓународните пазари и побарувачката за плаќање гас од Москва, барајќи од „непријателските“ земји да плаќаат за испораките во руска валута.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.