Црната рибизла е многу лековита!

Црната рибизла е позната по своите плодови, кои главно се користат за производство на сокови и слатка. Плодовите се користат и во традиционалната фитотерапија, но нивната употреба за лекување денес е речиси заборавена. Во медицинската фитотерапија се користат и листовите, а пупките од млади листови се користат за изработка на глицерински мацерати. Употребата на препарати од листови на црна рибизла е популарна во француската фитотерапија и се опишани во француската фармакопеја.
Листот содржи траги од етерични масла, деривати од флавоноидите изокверцетин и рутин, флаванони (сакуранетин) и флавоноли (галокатехин), соединенија проантоцијаниди (проделфинидини) како и деривати на кофеинска киселина, хлорогенична и п-кумаринска киселина.
Содржат високо ниво на Ц витамин и антоцијани. Употребата на црната рибизла како природен извор на витамин Ц потекнува од Велика Британија во текот на Втората светска војна, кога дошло до недостиг на агруми како што е лимонот, а тоа се задржало до денес.
Добриот сооднос на витамин Ц и антоцијани помага при тегоби како што е недостиг на витамин Ц во исхраната, испукани капилари и како стимулационен напиток.

Она што е интересно – е дека во внатрешноста на плодот се содржат масла од високоенергеткската масна киселина, Y-линоленска киселина (GLA). Поволно делува кај болести како што е псоријазата и при болни менструации. Но, за жал, маслото од црна рибизла е доста редок производ на пазарот.
Листот се користи во традиционалната фитотерапија за бројни тегоби. Поради танините кои ги содржи, се користи за симптоматско лекување на дијареа, исто како листот од малина и капина, но денес оваа употреба е многу ретка.
Препаратите од листот пред се’ се познати за лекување на воспалителни болести: ревматоиден артритис и алергиски тегоби (алергиски ринитис).
Противвоспалителното делување на листот од црна рибизла е причина за широката употреба кај сите тегоби при кои доаѓа до претерана и неконтролирана активација на имунолошкиот систем.
Покрај овие две наведени група болести, се користи и кај автоимуни заболувања. Комбинацијата од противвоспалително и антидијаретското делување, особено помага при болести на цревата, како што е Кронова болест.Во медицинската фитотерапија се користат и листовите, а пупките од млади листови се користат за изработка на глицерински мацерати. Употребата на пр

Пронајдете не на следниве мрежи: