Нови 12 вработувања во МВР – Аплицрајте!

Loading...

Министерството за внатрешни работи распишува јавен оглас за прием на 12 извршители со или без работно искуство за работа во Министерството за внатрешни работи на неопределено време, и тоа:-6 извршители со средно образование, и
-6 извршители со високо образование.
Министерството за внатрешни работи со избраните кандидати:
-склучува договор за вработување согласно Закон;
-согласно Планот и Програмата за обука на пилоти, Министерството ќе склучува договор за обука за кандидат за пилот од времетраење од 19 (деветнаесет) месеци;
-по завршување на обуката за кандидат за пилот, работниците кои ќе ја завршат обуката ќе добијат сертификат за оспособеност за звањето пилот на хеликоптер, и
-по добивање на сертификатот за оспособеност за звањето пилот на хеликоптери,  работниците ќе се распоредат на работно место ПИЛОТ НА ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕР.
1.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
-да е државјанин на Република Македонија;
-да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот за работно место за кое е предвидено средно образование, односно 30 години живот за работно место за кое е предвидено високо образование;
-да има завршено најмалку четиригодишно средно образование;
-да е здравствено и психофизички способно, и
-со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
 2.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
-познавање на англиски јазик на високо ниво, и
-висока лична физичка подготвеност.
3.Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:
-уверение за завршено високо образование;
-диплома за завршено четиригодишно образование;
-доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност, и
-две фотографии до димензија 3,5 Џ 4,5 см.
4. Пријавата со потребната документација, кандидатот може да ја поднесе лично или во електронска форма.
Доколку кандидатот пријавата ја поднесува ЛИЧНО, должен е да ја поднесе во едно од определените места за пријавување, и тоа:
1.Сектор за внатрешни работи Скопје
– Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба,
– Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар, и
– Полициска станица од општа надлежност-Карпош.
2.Сектор за внатрешни работи Битола;
3.Сектор за внатрешни работи Велес;
4.Сектор за внатрешни работи Куманово;
5.Сектор за внатрешни работи Тетово;
6.Сектор за внатрешни работи Охрид;
7.Сектор за внатрешни работи Струмица,
8.Сектор за внатрешни работи Штип.
Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта, патна исправа или друг документ за идентификација.
Потребната документација кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време, односно од 08,30 до 16,30 часот.
При поднесување на пријава кандидатот потпишува „Изјава за доброволно пристапување на селекција на избор со неможност за барање на оштета од Министерството за внатрешни работи во случај на повреда за време на спроведување на постапката за селекција“.

 
Кандидатот потребната пријава за пополнување може:
-да ја подигне на едно од горе определените места за поднесување на потребната документација или
-да ја преземе од интернет страната на Министерството за внатрешни работи www.moi.gov.mk.
Доколку кандидатот пријавата ја поднесува во ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА, пријавувањето може да го изврши на интернет страната на Министерството за внатрешни работи њњњ.мои.гов.мк, со пополнување на електронската пријава која се наоѓа на споменатата веб локација (линк: АПЛИЦИРАЈ).
Кандидатот кој електронски ќе ја поднесе пријавата, при неговото повикување во втората фаза (проверка на моторички способности) должен е:
– своерачно да ја потпише „Изјавата за доброволно пристапување на селекција на избор со неможност за барање на оштета од Министерството за внатрешни работи во случај на повреда за време на спроведување на постапката за селекција“, која од страна на работник на Министерството за внатрешни работи ќе му биде приложена, и
 – на работникот од Министерството да ги достави потребните докази:     
•уверението за завршено високо образование/дипломата за завршено     четиригодишно образование,
•доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење    професија, дејност или должност,
•две фотографии до димензија 3,5 Џ 4,5 см.
 5. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи формирана од страна на министерот и истата се спроведува согласно одредбите од Законот за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.92/09, 35/10, 36/11, 158/11 и 187/13) и Правилникот за начинот и постапката на селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.128/09) и истата се спроведува во следните фази:
1.Административна проверка;
2.Проверка на моторички способности;
 мажи – скок во далечина од место – 170 см.; згиб на вратило – 3 репетиции, 25 стомачни подигања и трчање на 1600 метри – 8 минути;
жени – скок во далечина од место  – 110 см.; згиб на вратило – 3 секунди задржување; 25 стомачни подигања и трчање на 800 метри – 6 минути.
3.Писмено тестирање (општообразовен тест, психолошки тест и тестирање за познавање на англиски јазик – (Америцан лангуаге цоурсе плацемент тест);
4.Интервју;
5.Здравствени прегледи (проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите спроведени од Здравствена комисија формирана од Министерот за внатрешни работи).
6.Селекција на земја (гроунд сцреенинг);
7.Здравствени прегледи за проверка на психофизичката и општата здравствена способност на кандидатите според критериум за класа еден, спроведени од овластена воздухопловна лекарска комисија, и
8.Селекција во воздух – селективно летање.
 6.По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати склучуваат договор за вработување во Министерството за внатрешни работи. 
По склучување на договорот за вработување работниците кои ќе склучат договор за обука за кандидат за пилот од времетраење од 19 (деветнаесет) месеци, согласно Планот и Програмата за обука на пилоти ќе се упатат во Центарот за обука на пилоти во касарната           „Н. Џ. Страшо Пинџур“-Петровец со обезбедено сместување, превоз, исхрана, облека и друга пилотска опрема потребна за обуката, со цел добивање на сертификат за оспособеност за звањето пилот на хеликоптер.
Работниците кои ќе се стекнат со сертификатот за оспособеност за звањето пилот на хеликоптер, Министерството за внатрешни работи ќе ги распореди на работно место ПИЛОТ НА ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕР.
7.Рокот за доставување на пријавите изнесува 28 (дваесет и осум) дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
8.Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.-6 извршители со средно образование, и
-6 извршители со високо образование.
Министерството з

loading...
Loading...