Приказната за собраниски лик Глигорче

М-р Глигор Стоименов, како што се потпишува, е човек вработен во администрацијата на Собранието на Република Македонија. Кога се вработи во Собранието, Стоименов важеше за партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ.Брзо потоа стана еден од најдосадните вработени во СРМ. Кога ќе дојдеа во Парламентот, кого и да сретнеше низ ходниците од министри, заменици министри, пратеници, премиерот, претседател на собрание и други ги „масираше“, најпрвин за унапредуване, а потоа за државна функција.
Беше како инвентар низ ходниците кога таму требаше да дојде некој од владата, и по некое време сите знаеја дека кога ќе влезат во Парламент треба да си пресметаат барем 5-10 мин за ислушување на Глигор за тоа колку е тој способен за разни позиции и функции.
Потоа кога Владата почна да отвора јавни конкурси преку весниците за пројавување на интерес за директори и други функционери, Глигор Стоименов се пријавуваше за се и сешто.  На еден куп позиции поднесуваше кандидатура и одеше на интервјуа, но за негова жал, заради слабиот капацитет и просечно знаење никаде не успеа да влезе, ниту во потесен круг на 10- тина кои влегуваат како варијанта за финален избор.
Сепак, на секој таков оглас се пријавуваше повторно и повторно, и како добро истренирана „сачекуша“ демнеше во парламентот кога некој функционер ќе помине, да го „зграпчи“ за ургенција.
Амбициозен тип, со слаб капацитет. Тоа беше неговиот главен проблем. Неговата амбициозност добро ја почувствуваа и оние функционери до чиј мобилен ќе стигнеше Глигор. Имаше духовита изрека меѓу функционерите: ,,Да не ти дојде до мобилниот број Глигор Стоименов, ако ти дојде, тешко тебе“
Ќе те опсипува со пораки за ургенција да стане функционер. А бидејќи важеше за партиски активист, луѓето го третираа. Неуморен во пшување пораки во кои објаснува колку е способен за една, па за друга, па за трета функција итн.
На крај молеше за која и да било функција. „Дај шта даш, само директор да е“. И нормално во секоја порака се нагласуваше колку е тој партиски активен и заслужен и колку многу ја сака и почитува партијата и раководството.

Не штедеше комплименти за раководството и претседателот на партијата. Кратко кажано, се правеше само да се докопа до функција,
По некое време веќе повеќето го третираа како „пациент“. Појди замини: Глигор или те пресретнува некаде или пораки пуштаа или ЦВ на некој оглас за функционери. И се така додека не почнаа бомбите и додека некои надворешни центри не отценија дека вакви типови им требаат и дека може да им се корисни идиоти, да формираат нови партии, движења и незадоволства против раководството на ВМРО-ДПМНЕ, да креираат вештачка слика за незадоволство во партијата.
Се најдоа такви како Јове Кекеновски кој беше иста варијанта како Глигор. И тој беше заболен за функција и незадоволен зошто не ја доби. А не ја доби бидејќи е под сите нивоа на квалитет. ВМРО-ДПМНЕ се трудеше да одбере најквалитетни кадри кои се на располагање, а не најдосадните и најупорните кои бараат функција.
Ги споија заедно, им дадоа пари и насоки, и оп ете ти го Глигор кандидат за пратеник, заедно со Јове и Павле Трајанов. Нормално, пратеничка функција не освоија, но задачата ја исполнија, колку толку да одземат незадоволни или по нешто разочарани гласачи од ВМРО-ДПМНЕ, за колку толку да го ослабнат ВМРО, барем да му растурат работа за пратеник или два. Истата улога му беше доделена и на второто друштво предводено од Љубчо, Љубе и Стојанче, каде Ден Дончев им беше доделен за надзорник.
И ете така, Глигор стигна до пишувач на колумни во кои го плука Груевски и раководството на ВМРО и го изразува тоа како големо херојство, а за заев пишува и тоа двапати во една колумна дека е чесен човек, ама дека и Љубчо, Љубе, Стојанче, Јове, Павле биле исто така многу чесни.
Тоа е приказната на тажниот лик Глигор, кој пишува колумни за кога ќе пораснел неговиот син да ги читал, и да се уверел колку  колку храбар и успешен бил татко му. На Глигорче не му пречи кога го гледа на законски снимени матерјали како Заев бара мито, и раскажува дека сите бизнисмени од општина Струмица си го знаеле редот и си плаќале рекет кога им треба услуга од општината.
Ама сега за Глигорче, Заев е чесен човек, оти се надева дека ќе му фрли некоја коска, дека конечно, по толку напори, борби, пораки, фалења и кудења, ќе се докопа до некое функцииче, па и тој да стане функционер, макар и да е тоа некое „директорче“.
А тоа што Чом се мајтапел со него кога оделе во емисија, Глигорче ќе си го прераскажува цел живот. Тоа ќе му остане, бидејќи функциичка тешко ќе добие оти СДСМ е полна со такви како него. Тешко дека ќе дојде на ред.
Нека е жив и здрав.
Брзо потоа стана еден од најдосадните вработени во СРМ. Кога ќе дојдеа во Парламентот, кого и да сретнеше низ ходниците од министри, заменици

Пронајдете не на следниве мрежи: