Македонците се сомневале дека Бугарите и Србите ќе ги поделат во 1905 година

Дипломатски претставник на Кралството Србија во Бугарија, Света Симиќ, стапува во врска со некои од македонските револуционерни раководители и со нив води разговори во врска со настанатата ситуација. За содржината на овие разговори и за податоците што ги добива преку свои довереници за состојбата во ТМОРО, Света Симиќ редовно го информира Јована Јовановиќ - Пижон, началник на конзуларното одделение при Министерството на надворешните работи на Кралството Србија во Белград.

img

Од писмото се гледа дека членовите на Организацијата биле добро запознаени со намерите на соседите и дека воопшто немале намера и покрај сите непогодности низ кои минувале да ја жртвуваат својата самостојност, што било во согласност со „Директива за идната лејност на Организацијата".

Света Симиќ, претставник на Кралството Србија во Бугарија, на Јован Јовановиќ-Пижон, шеф на конзулатот на МНР во Белград.

Д.Груев повторно ме посети минатата сабота. Д.Христов исто така беше во мојот дом, и поминавме повеќе од три часа зборувајќи. Македонците се плашат дека сме се договориле со Бугарите да ги поделиме и само тие останаа противници на Царинскиот Сојуз. Се сомневаат дека крие нешто друго. Постојано прават договори и подготовки но не преземаат ништо посериозно. Постојано праќаат помали групи и оружје во нивната земја. Целото нивно дејствување е сведено на ова. Сакаат да се договорат со нас, но без да жртвуваат ништо од она што го нарекуваат автономија. Сфаќаат дека има пречки против кои не можат успешно да се изборат, и под чие влијание постојано го губат значењето како авторитативен фактор во развојот на Македонското прашање. Ова неизмерно ги боли. Поделени се меѓу себе, како и порано. Разликите на гледиштата ја зајакнаа нивната меѓусебна омраза, и се избегнуваат и кројат планови едни против други... Слични информации доаѓаат и од Македонија. Луѓето, жедни за слобода, го одбиваат ропството и сакаат што поскоро да преземат одлучни чекори, но ги спречува нивната недоверба кон своите лидери како и кон Бугарија. Под влијанието на веста за Царинскиот Сојуз се создаде расположение за ослободување од ропството по секоја цена, дури и ако ги принудат да бидат под Бугарија и Србија. И ако тие две држави не им помогнат, тогаш попрво би го прифатиле Австриското робство...

 

Од Архивот на СФР Југославија (Белград)- Јован Јовановиќ-Пижон, 80 (1905)

 

Facebook impact:

Објавено понеделник, 05 декември 2016 16:07
Напишано од Елена П



Барај