Поезија од Јовица Тасевски-Етернијан објавена во познатото списание за светска литература „Сентинел“

Поезија од Јовица Тасевски-Етернијан е објавена во познатото списание за светска литература „Сентинел“ од Лондон. 

img

„Сентинел“ се издава во печатена форма и на интернет. Излегува четири пати годишно, а освен поезија во списанието се објавуваат и раскази, драми, критики, есеи и интервјуа. 

Ова е трета објава на поезијата на Јовица Тасевски-Етернијан во британската книжевна периодика каде што за песните на македонскиот автор се истакнува дека имаат „митски квалитети на сакрален текст“, „се одликуваат со оригинални слики, богат фигуративен јазик и повеќеслојни значења“ и „извираат од моќна поетска имагинација“. 

Јовица Тасевски-Етернијан е автор на шест поетски книги, а неговата поезија е преведена на дваесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во околу триесет држави.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 11 ноември 2016 08:30:00
Напишано од Елена