Готови за 10 минути: Направете чоколадни коцки од само две состојки

Кога ќе помислиме на лесни и едноставни рецепти за десерт, поголемиот дел од нас помислуваат на некои едноставни колачи и торти за кои сепак ви треба барем половина час…

img

вие чоколадни коцки од само две состојки ќе му дадат нова смисла на зборот едноставност.

Состојки:

285g темно чоколадо

165g кремаст путер од кикирики

Начин на подготовка:

1. Стопете го путерот од кикирики во тенџере на тивок оган, постојано мешајќи.

2. Додадете го темното чоколадо и продолжете да мешате додека истото не се стопи и не добиете хомогена смеса.

3. Обложете тава со алуминиумска фолија и ставете ја смесата.

4. Ставете ја тавата во фрижидер и оставете да се излади најмалку 4 часа или цела ноќ.

5. Отстранете ја алуминиумската фолија и исечете на коцки.

Facebook impact:

Објавено среда, 08 ноември 2017 01:25:00
Напишано од Вероника