Четири причини зошто некои жени се лоши во кревет

Освен ако навистина не сакате да ги види сите ваши маани, немојте да му нагласувате како вашиот стомак е огромен, градите виснати, а задникот полн со целулит.

img

Сите очајнички посакуваме сексот да биде совршен, но вистината е дека тој никогаш не е таков. Меѓутоа, најголемата препрека кон идеалниот секс можете да ја пронајдете во својата глава.

Еве четири главни причини поради кои што можете да оставите лош впечаток во кревет.

1. Целосно сте несигурни

Освен ако навистина не сакате да ги увиди сите ваши маани, немојте да му нагласувате дека вашиот стомак е огромен, градите виснати, а задникот полн со целулит. Дозволете му да го сака вашето тело. Ако вие не го сакате, не значи дека и нему не му се допаѓа. Вистината е дека веројатно нема да ги види вашите маани, доколку не го натерате да прогледа. Значи, престанете да се сожалувате пред него и да се жалите колку ви е одвратно телото. Во спротивно, како можете да очекувате да му биде секси девојка која константно нагласува дека не е?

2. Опседнати сте со своите недостатоци

Речиси е невозможно да се најде жена која е совршено задоволна во своето тело. Сите имаат недостатоци, а најлошо е кога ќе станете опседнати со нив. Меѓутоа, со оглед на тоа дека не можете да не размислувате на нив, најдобро е да водите љубов во окружување кое не ги истакнува. Тоа значи пригушени светла, секси долна облека што ги акцентира облините на најдобар начин, па дури и со превез преку очите на партнерот. Ова се нормално краткорични решенија, но можат да помогнат да се опуштите.

3. Едноставно не ви е до секс

Одговорот е едноставен – потребна ви е поголема возбуда. Кога девојката е возбудена таа не размислува за ситуации како што се целулитот и салото, сосема е опуштена и ужива во сексот. Добра вежба за почеток е да ги затворите очите и да уживате во чувството. Ама само како вежба. Никој не сака да биде во кревет со леш.

4. Му ја скратувате блискоста

Интимноста, и физичка и емотивна е важна за секоја врска. Доколку му ја скратувате интимноста како некој вид на казна, тогаш не можете да очекувате феноменален секс. Блискоста е неопходна за врската да биде функционална и не треба да ја гледате како алатка за казнување.

И за крај потсетуваме на најважниот совет – опуштете се и навистина сакајте да споделите интимен момент, а тој тоа ќе го увиди и ќе ве обожава. И секако, бидете искрени и разговарајте за сè.

Facebook impact:

Објавено понеделник, 13 ноември 2017 06:50:00
Напишано од Вероника