Манчев: Предвидуваме нови 600 милиони евра субвенции за земјоделците

Кандидатот за пратеник Ванковер Манчев во интервју за Пулс24 се изјасни по повеќе прашања поврзани со новата програма што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, како и за револуционерните проекти.

img

ПУЛС24: Г-дине Манчев, што нуди Вашата Изборна Програма со која очекувате да ги добиете гласовите на избирачите?

-Нашата програма и најдобро осмислената програма што некогаш ВМРО ДПМНЕ ја направила, и по обем и по квалитет. Обемна е бидејќи внатре вклучува огромен број на проекти детално наменети во секоја област. Нема област и тема која не е опфатена во оваа нова изборна програма. Квалитетна е бидејќи е реална, со рокови и со заокружени финансиски конструкции. Детално се потенцирани сите фази на мерките и проектите и гарантираат развој во секој сегмент во Република Македонија, изјави Манчев за ПУЛС24.

Манчев продолжува: Сакам да потенцирам и што мене ми преставува големо задоволство е што постои фактот за рамномерен развој, развој на градските но и на руралните средини, развој на здравството но и на образованието, развој и прогрес на инфраструктурата но и на земјоделието..

Сите стратешки сегменти на кои треба да почива една држава предвидено е да се развиваат со огромна динамика.

И на крај за сето ова да биде остварливо за изградба треба да постои темел, а темелите постојат, тоа се неколку реализирани изборни програми, илјадници проекти.

 

ПУЛС24: Струмица е земјоделски крај, какви мерки предвидувате за подобрување на земјоделието?

- Ова го потенцирам на секоја средба и на секој митинг. Барем во оваа област ВМРО ДПМНЕ е најдобро. Ние сме партија која прво го закрепна земјоделието, па потоа го разви до таа мера што на  земјоделците им се случи револуција. Се сеќавате, нашите политички опоненти ни се потсмеваа на некој начин што земјоделецот беше во наш фокус. Земјоделието е најтешката гранка од едно општество. Бара многу труд, пот, работа, пласман. И плус тука се временските услови, берзата, цените.. Мачна, но чесна гранка.. И ние решивме дека мора многу да се помогне и мислам успеавме.

Во новата програма предвидуваме нови 600 милиони евра, или повеќе од половина милијарда евра субвенции за следните четири години. Секоја година ќе се слеваат нови 150 милиони евра во џебот на земјоделецот.

Сакам да нотирам неколку важни или револуционерни проекти кои се предвидени во новата програма, вели Манчев за ПУЛС24.

Системот капка по капка, докажан модел за голем и сигурен принос кој на некој начин може да гарантира успех и да го намали ризик факторот на временски непогоди.

Тука е мерката 50% - 50% партнерство со државата, само за 50% од вкупната цена можат земјоделците да купат трактор, друга земјоделска механизација, да почнат да подигнуваат посеви, да инсталираат систем капка по капка и итн.. Земјоделски советник, наизглед бирократски проект, но многу важен и суштински. Да имате човек кој ќе ви каже за што е најдобро вашата почва да ја посадите, да ве советува со какво семе, со какво ѓубриво, какви се цените за откуп и сл е непроценлива помош за секој земјоделец, изјави Манчев за ПУЛС24.

 

ПУЛС24: Кога не сте на митнизи, како го трошите Вашето слободно време?

-Многу сакам да читам книги, најчесто стручна литература од медицинска проблематика. Излегувам со пријателите, се дружам. Го сакам спортот, пешачење, онолку колку што ми  дозволува слободното време. Нормален живот како секој нормален човек. Ми значи многу семејството, и сакам да поминувам време со нив.. Убава музика ме релаксира, некој добар концерт или театарска престава, додава Манчев за ПУЛС24.

Facebook impact:

Објавено вторник, 29 ноември 2016 07:11:00
Напишано од Елена П


Последни вести