Фероинвест учествува на тендери каде може да понуди квалитет по соодветна цена

Во јавноста деновиве се споменуваше името Фероинвест за тендерот за набавка на транспортни ленти во ЕЛЕМ, но никој не побара став од компанијата иако и досега и понатаму сме целосно транспарентни во комуникацијата со јавноста. Би сакале да ја дадеме следната реакција:

img

Компанијата Фероинвест во конзорциум со турската компанија Озербанд ќе се наддава на тендерот на ЕЛЕМ за транспортни ленти во РЕК Битола. Нашата компанија изминатите години учествува на тендери каде може да понуди квалитет по соодветна цена, самостојно или со партнерска компанија. Во склопот на Фероинвест работат неколку компании со околу 800 вработени, кои по својата експертиза имаат меѓународно искуство и пласман на производите на светски пазари. Компанијата, изминативе две децении постави стандарди и е пример за современа деловна профилираност во областа на металната индустрија и енергетиката во Македонија. Фероинвест работи според европски стандарди, квалитетот е препознаен на меѓународните пазари, каде во моментов извезуваме во 22 држави. Како водечка компанија во овие сегменти и стратешките деловни проекции на домашниот и странскиот пазар, компанијата ќе продолжи да работи соодветно на досегашната практика со целата своја експертиза и професионалност како и досега, во интерес на своите вработени. Учеството на тендери во Македонија е право на секое правно лице кое ќе докаже со документација и со референти проекти дека може да ја изврши работата. Тоа право ќе го користиме секогаш кога ќе може да понудиме квалитет со соодветна цена. Целиот процес на работа на нашите компании е јавен и транспарентен, посебно кога станува збор за нашиот холдинг кој постои речиси две децении, а каде г-динот Кочо Анѓушев не е дел од ниедна раководна позиција во овие компании. 

Соодветно на нашето транспарентно работење и понатаму остануваме отворени за секое понатамошно прашање на оваа тема.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 11 септември 2017 04:12:00
Напишано од Виолета


Последни вести