„Летото по книгите се памети- почнува Летниот фестивал на книгата во ТРИ

Од утре, 20 јуни, во книжарниците на ТРИ во центарот на градот почнува летната промоција на книги и попусти на сите изданија до -70%

img

Издавачкиот центар ТРИ го најавува почетокот на уште едно издание на Летниот фестивал на книгата, кој и оваа година на читателите ќе им понуди навистина богат и атрактивен избор на книги од сите жанрови, одлични препораки за читање, тематски настани и средби со автори, и се разбира, специјални фестивалски цени на целата книжевна понуда. Фестивалот на ТРИ, како и секогаш, се фокусира на читателите и има за цел да го истакне читањето како вистински начин да се помине (и искористи) летниот период.

Под слоганот „Летото по книгите се памети“, во книжарниците на ТРИ во ГТЦ и Дебар Маало од 20 јуни ќе бидат претставени два одлични новитета – бестселерите „Девојките“ од Ема Клајн и „Трите ќерки на Ева“ од Елиф Шафак, како и голема селекција на препораки по кои ова лето ќе биде запаметено. Секоја фестивалска недела ќе носи нови препораки од различни категории, дополнителни попусти за повеќе наслови, книги на подарок и многу други акции кои тековно ќе бидат споделувани преку Фејсбук-страницата на ТРИ.

Отворањето на Летниот фестивал на книгата ќе се случи во вторник, 20 јуни, од 12 до 14 часот, во Книжарницата ТРИ во Дебар Маало, каде ве очекуваат полни полици, освежувачки пијалаци и диџеј сет кој ќе ви го разубави работниот ден.

Летото по книгите се памети! Затоа, не пропуштајте да ги посетите Книжарниците ТРИ во Дебар Маало и ГТЦ и да ги следите сите летни активности онлајн.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 19 јуни 2017 04:01:00
Напишано од Виолета


Последни вести

img

СВЕТСКИОТ ГОТВАЧКИ ВРВ ЌЕ СЕ НАТПРЕВАРУВА ВО СТРУМИЦА

Шеесетина врвни Master Chef судии и околу тристотина натпреварувачи и гости од цел свет, од утре ќе го отворат Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017. И по обемот и по квалитетот на имињата кои што нешто значат во светот на гастрономијата, овој настан е најголемиот кога било одржан кулинарски натпревар не само во нашата земја, туку и во поширокиот регион. Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017, ќе се одвива од 24 до 28 октомври во Струмица, а домаќин ќе биде Хотелот Вила Парк. Големиот настан кој што е влезен во календарот на глобалните случувања од ваков тип, е во организација на Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија - ГастроМак, со логистичка поддршка од WACS – World Association of Chefs Societies, Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот. 

img

Прилеп го одбележа државниот празник 23- ти Октомври

Годинава државниот празник 23 –ти Октомври Прилеп го одбележа скромно со положување на цвеќе на личностите кои го дале својот . По повод одбележувањето на државниот празник 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегација од локалната самоуправа на општина Прилеп и претставници од  политичката партија на ВМРО ДПМНЕ и Коалцијата положија свежо цвеќе пред споменикот на: Методија Андонов – Ченто, Пере Тошев и  Ѓорче Петров, а една делегација се поклони и положи цвеќе на гробовите на Пере Тошев, кој се наоѓа во црквата Св.Благовештение и на гробот на  Методија Патчев, во Кадино село. При оваа пригода градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески го истакна знaчењето на овој празник за македонскиот народ и ја потенцира важноста од зачувувањето на интегритетот и суверенитетот на Р. Македонија.