Во организација на Самит100 промовирана новата фаза на проектот EDISON eCity

Непосредно пред почетокот на европската недела на мобилност, овој викенд во Целје беше лансирана нова фаза на проектот EDISON eCity - еден од најзначајните регионални проекти во областа на еколошкиот транспорт.

 

img

Настанот на кој присуствуваа бројни претставници на стопанството од регионот, заедно со државни претставници на Владата на Словенија и на Европската Унија, го организираше регионалната иницијатива Самит100  во партнерство со локалната власт на Целје и со Rotary клубовите од регионот.

Платформата ЕДИСОН (EDISON) настана во Словенија во 2015 г., како резултат на хуманитарна иницијатива во која за потребите на деца со инвалидитет во рентакар-услугите беа воведени електрични возила, модел BMWi13, со што се воспостави првата еколошка економија на споделување - еден од најбрзо растечките светски економски трендови. По инсталирањето на десет постојки за напојување на електричните возила во Словенија, оваа иницијатива беше претставена во рамките на Самит100 во Сараево, со план да се воведе електрификација на пат во должина од 2400 км, кој ги поврзува сите поголеми градови од регионот, од Љубљана преку Загреб и Белград до Скопје, Тирана, Приштина, потоа Дубровник, Сплит, Задар и Копар, а во април оваа година беше промовиран и проект eBelgrade. Минатиот викенд беа претставени првите резултати од платформата и беше лансирана фазата eCelje, со која проектот ЕДИСОН го продолжува поврзувањето во рамките на регионот на Југоисточна Европа.

На промоцијата на новата фаза, во Целје, присуствуваше и европската комесарка за транспорт, Виолета Булц.

Еден од творците и главните придвижувачи на проектот е д-р Изток Селјак, претседател на Управниот одбор на словенечката компанија „Хидрија“ , една од водечките европски компании од областа на автомобилската технологија, и потпретседател на Управниот одбор на Самит100.

“Се наоѓаме во епохален период на голема трансформација на општество кое ќе се базира на обновливи извори на енергија и економија на споделување (sharing) и сите ние во регионот гледаме на тоа како феноменална можност  како поврзан регион да ја искористиме можноста за брз раст. Проектот ЕДИСОН  денес е препознатлив  како еден од стратешки најважните проекти на еколошкиот транспорт во Европа, а ова го потврдува и денешното присуство г-ѓа Виолета Булц. ‛, изјави Исток Селјак. “ЕДИСОН од регионот прави лабораторија за зелена мобилност, а успешните решенија можеме да ги презентираме и на глобалниот пазар”

Настанот во Целје е една од активностите во рамките на регионалната иницијатива Самит100, а во пресрет на неговиот шести регионален годишен собир, кој ќе се одржи во Скопје, на 16 и 17 октомври.

Самит100 на бизнис-лидерите на Југоисточна Европа претставува единствена деловна иницијатива која ги обединува најистакнатите бизнис лидери од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија, со цел да ја позиционира регионалната соработка како приоритетна задача на дневниот ред на секоја Влада во регионот, кој ќе ја унапреди конкурентноста на националните економии и ќе го зајакне потенцијалот на Југоисточна Европа.

Оваа година во Скопје, овој настан ќе обедини повеќе од 150 бизнис и политички лидери од регионот, заедно со специјални гости од Европската комисија, Европската банка за обнова и развој (EBRD), Европската инвестициска банка (EIB), Норден, Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд (MMF) и многу други, со цел

идентификување на клучните проекти и новите договори за новота доба, во согласност со слоганот на Самит100.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 20 септември 2017 03:49:00
Напишано од Виолета


Последни вести

img

СВЕТСКИОТ ГОТВАЧКИ ВРВ ЌЕ СЕ НАТПРЕВАРУВА ВО СТРУМИЦА

Шеесетина врвни Master Chef судии и околу тристотина натпреварувачи и гости од цел свет, од утре ќе го отворат Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017. И по обемот и по квалитетот на имињата кои што нешто значат во светот на гастрономијата, овој настан е најголемиот кога било одржан кулинарски натпревар не само во нашата земја, туку и во поширокиот регион. Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017, ќе се одвива од 24 до 28 октомври во Струмица, а домаќин ќе биде Хотелот Вила Парк. Големиот настан кој што е влезен во календарот на глобалните случувања од ваков тип, е во организација на Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија - ГастроМак, со логистичка поддршка од WACS – World Association of Chefs Societies, Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот. 

img

Прилеп го одбележа државниот празник 23- ти Октомври

Годинава државниот празник 23 –ти Октомври Прилеп го одбележа скромно со положување на цвеќе на личностите кои го дале својот . По повод одбележувањето на државниот празник 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегација од локалната самоуправа на општина Прилеп и претставници од  политичката партија на ВМРО ДПМНЕ и Коалцијата положија свежо цвеќе пред споменикот на: Методија Андонов – Ченто, Пере Тошев и  Ѓорче Петров, а една делегација се поклони и положи цвеќе на гробовите на Пере Тошев, кој се наоѓа во црквата Св.Благовештение и на гробот на  Методија Патчев, во Кадино село. При оваа пригода градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески го истакна знaчењето на овој празник за македонскиот народ и ја потенцира важноста од зачувувањето на интегритетот и суверенитетот на Р. Македонија.