Мнозинството Египќани, цврсто стојат зад ПРОГЛАСОТ НА ВМРО-ДПМНЕ и даваат силна поддршка на Никола Груевски

img

 

Мнозинството Египќани од Р.Македонија, цврсто стојат и го подржуваат ПРОГЛАСОТ на ВМРО ДПМНЕ, и даваат силна поддршка во понатамошните постапки на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, и иден Премиер, г дин Никола Груевски.

  Повеќе од очигледно е, дека некои сакаат да ја погазат изразената волја на мнозинството граѓани кои и ја дадоа поддршка на политичкиот субјект ВМРО-ДПМНЕ. Ние,како посебна и автентична и автохтона заедница, која е лојална на заедничката татковина Р.Македонија,нема да дозволиме да бидеме на страната на  оние кои сакаат да ја погазат веќе легитимно дадената мнозинска волја на овие предвремени парламентарни избори.

НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПКАНИТЕ И ВМРО ДПМНЕ, имаат потпишано Меморандум за Соработка, врз која се темели  напредокот и интеграцијата на мојот народ. Нема да дозволиме, и понатаму некој да ни ја украде иднината, некој да намалува плати и пензии, бидејќи некои  немаат добиено мандат од граѓаните за такви деструктивни методи, и ние цврсто и одлучно ќе застанеме на патот,да не се реализираат таквите дејанија, истакна Демир Далип-лидер на НВО КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИТЕ И ОПЕМ

Facebook impact:

Тагови:

Објавено среда, 21 декември 2016 08:25
Напишано од Елена




Барај

Последни вести