Во Вардар пронајдено тело на мртва жена

Тело на жена меѓу 60 и 70 годиние пронaјадено вчера во реката Вардар. Телото околу 12:55 часот било забележано во грмушки на десниот брег на реката.

img

Од страна на екипа на Противпожарната заштита, телото е извадено од водите на реката Вардар, а  екипа од  Итна медицинска помош се обидела да изврши реанимација, но не успеала и констатирале смрт.

На телото немало забележливи физички повреди, а не биле пронајдени ниту лични документи во облеката. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено во институтот за судска медицина за обдукција. 

Facebook impact:

Објавено среда, 04 јануари 2017 03:44:00
Напишано од elenaM