Фекална канализација Трубарево

Во н.м. Трубарево во тек е изградба на примарен колектор и изградба на секундарна мрежа.

img

Примарниот колектор е финансиран од општина Гази Баба, а секундарната мрежа е финансирана од граѓаните од Трубарево и од општина Гази Баба.

Денес градоначалникот Тони Трајковски направи увид во градежните работи на изградбата на две препумпни станици и на секундарната мрежа, која заедно со приклучоците се во должина од 12 км.

Работите за примарниот колектор ги изведува фирмата Вардарградба, а секундарната мрежа фирмата Адонис.

Facebook impact:

Објавено петок, 11 август 2017 04:13:00
Напишано од Виолета