Куманово најзагаден град , СДСМ уште не превзема ништо

И вечерва кумановци ги очекува тешка ноќ. Оваа вечер 110.000 жители на општина Куманово ги очекува екстремно закадување на воздухот. Се препорачува болните, старите, децата и бремените жени да не излегуваат на улица.

 

img

Здравјето на кумановци продолжува да биде небитно за СДСМ и НВО на Сорос, кои воопшто не се грижат што Куманово стана најзагадениот град во Европа.

СДСМ ја има апсолутната власт во општина Куманово веќе 26 години, со градоначалник и мнозинство во Советот од редовите на СДСМ.

Додека градоначалникот Зоран Дамјановски го нема никаде и додека неговиот партиски шеф Зоран Заев е во Грција, за жал Кумановци го дишат најзагадениот и најотровниот воздух во Европа.

Кумановци дишат отров, како поседница на тоа што власта на СДСМ немаше ниту еден еколошки проект цели 26 години, вклучително и мандатите на Оливер Спасовски, како екс секретар на општината.

Facebook impact:

Објавено вторник, 03 јануари 2017 06:54:00
Напишано од elenaM