ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА КЕМАЛ АТАТУРК

Екипите на Град Скопје ги продолжуваат градежните работи за реконструкција на коловозот на улицата Кемал Ататурк, на потегот од крстосницата со улицата Цветан Димов до крстосницата со улицата Џон Кенеди, на должина од 260 метри.

img

Во текот на изминативе денови, беше отстранет стариот и оштетен асфалт на оваа делница, засилен носечкиот слој и нанесен нов асфалт.

Градежните работи на улицата Кемал Ататурк ќе продолжат со формирање тротоари на вкупна површина од 780 квадратни метри, на кои ќе се наредат бекатон-плочки.

Проектот за обнова на коловозот на улицата Кемал Ататурк е резултат на меѓуопштинската соработка меѓу Град Скопје и Општина Чаир, во вкупна вредност од 4,8 милиони денари. На терен работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено четврток, 10 август 2017 10:15:00
Напишано од Емилија