ВМРО ДПМНЕ: Заев и неговите соработници го претворија СДСМ во промотор и заштитник на криминалот

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во врвот на партијата го претворија СДСМ во промотор и заштитник на криминалот. СДСМ е дувло и синоним за криминалот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

img

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера полицијата приведе уште еден соработник на Зоран Заев поради трговија со кокаин.

Човекот кој со Заев се сликаше по кафеани си формирал група со која што го затрупувале Скопје со дрога. Од таа дрога децата во Скопје се труеле, а луѓето на Заев се богателе.

Претходно Заев и неговиот технички министер се шетаа и се сликаа со лице од Ѓорче Петров кое се бара со потерница. Тој е осомничен за убиство во обид.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев во неговиот кабинет се среќаваше со блискиот пријател и соработник Захир Бекири Чауш.

Целата јавност виде кој управувал со Фабриката за афери на СДСМ и кој ги продуцирал лагите за двојни лични карти. Сега Чауш е во Идризово на издржување казна затвор.

Криминалци како Харун Хаџибулиќ беа во најблиското опкружување на Зоран Заев на митинзите на СДСМ. Сега и тој е во бегство и се крие од органите на прогон.
На криминалците местото им е зад решетки. На криминалци не им е местото во политика.

Народот на 11 декември му порача на аболицираниот криминалец Зоран Заев дека е против криминал и корупција и дека треба да почне да размислува за казнено-поправниот дом Идризово.

Се вчитува прикажувачот на видео...

Facebook impact:

Објавено сабота, 18 февруари 2017 04:10:00
Напишано од Емилија