Викендов промена на времето

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. 

img

Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 6. Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен југозападен ветер.

Температурата ќе се движи од 12 до 32 степена. Како што соопшти УХМР, следува период на сончево време со свежи утра и со постепен пораст на дневната температура, така што за време на викендот температурните максимуми насекаде ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во понеделник ќе има зголемување на облачноста, а локален дожд и позначително опаѓање на температурата ќе има од вторник. 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено четврток, 14 септември 2017 09:55:00
Напишано од Виолета