Какво време не очекува денес?

Променливо облачно време со умерен до засилен ветер од јужен правец, чија брзина на моменти ќе достигне околу 80 километри на час, а на планините и над 100 километри на час, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). 

img

Во западните делови ќе има локален дожд уште претпладне, а попладне и во вечерните часови врнежите ќе се прошират насекаде.

Во текот на ноќта врнежите на планините ќе преминуваат во снег. Пообилни врнежи се очекуваат на западот и на североистокот од земјава локално околу 25 литри на метар квадратен.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до18 степени. Во Скопје до 17 степени.

Утре изутрина врнежи од дожд ќе има во крајните источни делови од земјава, а преку денот врнежите ќе бидат повеќе застапени во западните делови, но нема да бидат обилни. На планините ќе врне снег, а до крајот на денот снежната граница ќе се спушти до околу 600 м.н.в. Локални врнежи од снег ќе има и во понеделник, особено претпладне во западните делови, каде на повеќе места ќе се формира и снежна покривка. Под влијание на северно струење температурите од понеделник значително ќе опаднат.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до осум, а дневната од два до 12 степени. 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено сабота, 16 декември 2017 12:29:00
Напишано од Виолета