Експлодира автомобил во Аеродром

Експлозија околу 4 часот изутрина ги разбудила жителите на улица „Јане Сандански“ во Аеродром, пишува Вечер.

img

Според порталот, жители на блиската зграда сведочеле дека експлодирала бомба поставена под автомобил.

Од МВР за Курир велат дека утринава во 6:45 часот добиле пријава за опожарено возило „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки лоцирано зад трговскиот центар Капитол.

Според пријавата во полицијата опожарен бил задниот дел од возилото. Засега од МВР располагаат со овие информации, а повеќе детали може да бидат познати во текот на денот. 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 08 декември 2017 11:30:00
Напишано од Виолета