Граѓаните не можат да очекуваат проекти во културата од министер кој не знае каде е роден Војдан Чернодрински

Граѓаните не може да очекуваат реализација на проекти од областа на културата од министер кој нема расчистено до сега каде е роден Војдан Чернодрински, велат од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

img

Водејќи се по девизата на Еразмо Ротердамски која вели Најсреќен е оној што ништо не знае, мораме да им признаеме на новата влада на СДС дека тие се најсреќните луѓе на светот.

Зоран Заев успеа да ги собере најнеподобните кадровски решенија на едно место.

Поминаа 10тина дена, а новиот министер за култура сеуште не се извини за елементарното непознавање на личностите кои се икони на македонската култура, како што беше случајот со Војдан Чернодрински.

Да си министер за култура и да не знаеш во кој град, односно место е роден деец како Војдан Чернодрински е сериозно непознавање на културата во Република Македонија.

Дури и децата од основно училиште знаат каде е роден.

Почитуван министре,

Прилеп се гордее што го има фестивалот на театарот Војдан Чернодрински, но мора да ве разочараме дека Чернодрински е од местото Селци од Струга.

Граѓаните не може да очекуваат реализација на проекти од областа на културата од министер кој нема расчистено до сега каде е роден Војдан Чернодрински.

ВМРО-ДПМНЕ грижејќи се за темелите на нашата држава кои произлегуваат од културното наследство кое го негуваме изминатиот период реализираше бројни проекти.

Реконструирана сала во Центарот за култура Марко Цепенков, Реновирана голема Читална во Борка Талески, конзервација и реставрација на саат кулата и куќата на Бектешовци, Реконструирање на Трескавец, пуштено е во употреба новото кино Мис Стон, изградени спомен обележја на многу видни личности за Прилеп. Сето ова се само дел од проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи за прилепчани.

Почитувани,

Граѓаните од СДС и Алаѓозовски очекуваат да реализираат проекти во областа на културата. Граѓаните очекуваат да им ги исполните ветувањата кои им ги дадовте. А, ние ќе ве потсетуваме цело време на нив.

 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 19 јуни 2017 03:53:00
Напишано од емилија