Погледнете какво време не очекува за викенд

Температурите утре ќе се спуштат за дополнителни два до три степени во однос на денешните, особено кон истокот на земјата. Според УХМР, утринските темпераратури утре ќе бидат во интервал од – 6 до 3 степени. Позначајно спуштање ќе се почуствува во Кривопаланечко, во Пелагонија и во пониските делови од скопската котлина.

img

Зголeмување на утринските температури се очекува од вторник кога насекаде ќе бидат над нулата.

Северниот ветер ќе продолжи да дува и за викендот, а повторно ќе засилува и тоа на север, по Повардарието и кон исток во недела. Во недела попладне ќе се зголемува облачноста и ќе има услови за слаб краткотраен дожд, а на планините од слаб снег преку ноќта. Дневните температури од недела брзо ќе се покачат и покрај повремените наоблачувања до крајот на следната работна недела, тие ќе се надминуваат 20 степени, пред се на југоистокот.

Facebook impact:

Објавено петок, 21 април 2017 01:00:00
Напишано од Виолета