Македонија на европско првенство во Полска

Младите македонски фудбалери до 21 година се пред пласман на Еп во Полска кое ќе се одржи следната година.

img

На десеттина минути до крајот на мечот, Македонија има сигурни 2:0 против Шкотска во Скопје, додека Исланд на домашен терен губи од Украина со 2:1.

Исланд по првиот дел имаше предност од 1:0, резултат кој и покрај победата не ја носеше Македонија на ЕП.

Сепак, во вториот дел Украинците неочекувано направија целосен пресврт и ја лансираа Македонија нa врвот на табелата, што значи и пласман на ЕП.

Се надеваме дека до крајот Македонија ќе ја задржи предноста од 2:0, а Украина нема да дозволи пресврт во Исланд.

Facebook impact:

Објавено вторник, 11 октомври 2016 08:41:00
Напишано од виолета


Последни вести