Пандев: Би ги заменил сите голови и титули, за еден ваков магичен успех со националниот тим

Македонските млади фудбалери покажаа дека Македонија има светла фудбалска иднина.

img

Фудбалерите до 21 година во Македонија се пласираа на Европско првенство, и претставуваат прва национална селекција која тоа го направила.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, преку Инстаграм го честиташе големиот успех на своите млади колеги и наследници во националниот тим.

„Ми ја наполнивте душата, ме направивте неизмерно среќен. Би ги заменил сите национални, европски, светски титули, голови, лични признанија само еднаш да доживеев ваков магичен успех во дресот на националната селекција. Вие успеавте. Денес сум горд Македонец. Секоја чест, знам дека нема да застанете...“, напиша Пандев.

Facebook impact:

Објавено среда, 12 октомври 2016 10:31
Напишано од Ирина




Барај