Тажна приказна на познат фудбалер: За две години потрошив сѐ што имам на лажни пријатели и забави

Некогаш беше еден од најголемите светски таленти и напаѓач на Лас Палмас. Кевин Принц Боатенг (29) доживеа стрмен пад во кариерата.

img

Своевремено воодушевуваше со играта во дресот на славниот фудбалски клуб Милан, а сега игра во шпанската Ла лига, кадешто има постигнато пет голови.

Во последното интервју, фудбалерот со ганско потекло раскажа што му се случуваше во последните неколку години.

-За две години ги потрошив сите пари. На забави, јахти, автомобили, на пријатели коишто беа покрај мене, а всушност не ми беа пријатели. Едноставно „пукнав“ под притисокот од славата и парите што ги имав. Тоа беше премногу за некој што има израснато во сиромаштија. Сега повторно уживам во фудбалот, Примера е најдобра лига во светот. Го почитувам секој соиграч, што порано не беше случај и сѐ ќе направам за успех на тимот – рече Боатенг.

Facebook impact:

Објавено вторник, 20 декември 2016 21:12
Напишано од Ирина




Барај