Македонските одбојкари повторно со сребро од Европската лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија трет пат во низ завршува како второпласирана во Европската лига.

img

Македонските одбојкари и во третото свое финале се поразени, сега од Украина со 3:1 во сетови на завршниот турнир што се одржа во данскиот град Гентофе.

Украинците мечот го отворија во високо темпо, а како резултат на таквата игра беа и десетте поени разлика со кои го добија првиот сет 25-15.

Во вториот сет се водеше голема битка, која на крајот им припадна на Украинците со 25-22.

Тоа не ги поколеба нашите одбојкари да се откажат. Напротив тие не размислуваа да се предадат па и во третиот сет одиграа на високо ниво што резултираше со намалување на предноста на противникот на 1:2 откако го добија сетот со 26-24.

Во четвртиот сет црвено-жолтите влегоа дополнителни мотивирани, но сепак тоа не беше доволно да се скрши противникот кој го доби сетот со 25-13 за конечни 3:1.

Ова беше и единствениот пораз на Македонија  во ова издание на Европската лига кое го заврши со седум победни, но и овојпат недоволно да се освои златниот медал.

Во дуелот за 3.место одбојкарите на Шведска ја совладаа домашната репрезентација на Данска со 3:1 во сетови.

 

Facebook impact:

Објавено понеделник, 03 јули 2017 08:27:00
Напишано од емилија