Вујо во заседа по историскиот успех со Словенија

Словенечката ракометна репрезентација направи историски успех со нереалниот пресврт во натпреварот за третото место со Хрватска, а големото славје кое следеше по последниот звук на сирената само ни долови колкаво значење има за Словенците освоениот бронзен медал на Светското првенство во Франција.

img

Ова е прв голем подвиг на Словенците на еден мундијал, а целокупната јавност во оваа земја посебна заслуга му даде на феноменалниот Веселин Вујовиќ кој не ја загуби надежта и успеа да ги врати своите ракометари и во ситуација кога губеа со осум голови разлика.

Вујо беше најбарано лице за давање изјава меѓу новинарите по крајот на натпреварот, а при една таква ситуација доби напад од заседа од своите двајца избраници. Безјак и Скок му се прикрадоа отпозади грб на Вујовиќ додека даваше изјава, и на тој начин со водено изненадување му се оддолжија за маестралната стратегија која ја замисли во второто полувреме.

Facebook impact:

Објавено недела, 29 јануари 2017 10:51:00
Напишано од Емилија


Последни вести