Невидена трагедија: Починаа младенци и најмалку 45 сватови

Најмалку 47 лица, вклучувајќи и десетина деца и штотуку венчан пар, загинаа денеска, кога камион со сватови излета од патот и падна во река на Мадагаскар.

img

Полицијата соопшти дека несреќата се случила изутрината во предградие на градот Анјозоробе, околу 90 километри од главниот град Антананариво.

– Имаше вкупно 47 починати, вклучувајќи десетина деца и штотуку венчан пар, изјави портпаролот на полицијата Херилала Андрианатисаона.

Во несреќата се повредени 22 лица.

Facebook impact:

Објавено недела, 29 јануари 2017 21:47
Напишано од Виолета




Барај