Објавите на социјалните мрежи на Селена Гомез вредни 550 000 долари

Пејачката се искачи на тронот како највлијателна личност на социјалните мрежи.

img

Селена Гомез не е само најследена личност на Инстаграм. Со речиси три милиони лајкови, кликања и споделувања на секој пост, таа е највлијателната личност на Инстаграм, Фејсбук и Твитер.

Ова е важно за секоја ѕвезда со аспирации да заработи максимално: кога станува збор за социјалните мрежи, влијанието се претвора во приход.

Пејачката и поранешна ѕвезда на Дизни има вкупно 181 милион фанови на трите социјални мрежи, а речиси 50% од нив се на Инстаграм. Влијателниот економски весник Forbes ја смести во листата на 30 ѕвезди кои се најуспешни претприемачи а имаат под 30 години. Нејзините профили на социјалните мрежи и помогнаа да стане бренд и да ги задржи лојалните фанови.

Способноста на Гомез да заработи се смета за огромна заради нејзината подеднакво голема посветеност.

Френк Спадафора, главен извршен директор на агенцијата за анализи на најновите трендови и кастинг на таленти D’Marie Group, изјави дека еден пост на Гомез на сите три социјални мрежи вреди околу 550 000 долари.

Агенцијата на Спадафора ги анализира и рангира профилите на социјалните мрежи на модели, брендови и блогери, а целна група се фирмите што сакаат да се рекламираат на нивните социјални мрежи. Страниците се мерат и вреднуваат преку фактори како посетите и интеракцијата на фановите со тие страници.

Според него, успехот на Гомез се должи на неприфаќањето на спонзорства од било какви области, и нејзиниот избор: на страниците да се рекламираат само релевантни производи што се во согласност со брендот што таа цели да го создаде.

Спадафора изјавува: „Мислам дека Селена одлично ги селектира брендовите со кои работи: договорите со внимателно избрани брендови е одличен потег за неа и нејзиниот тим. Публиката на социјалните мрежи начелно е свесна дека дел од содржината што ја гледа на социјалните мрежи е реклама на одредени фирми.

Кога ѕвездата и оној кој таа го рекламира не се усогласени, доаѓа до негативни реакции на социјалните мрежи. Се чини дека Селена е свесна за ова и внимава со кого склучува договор.“

За споредба, една објава на профилите на ѕвездите Кендал Џенер и Кара Делевињ е проценет на меѓу 125 000 и 300 000 долари.

Колку Гомез ќе биде платена, целосно зависи од сумата за која ќе се договорат нејзините агенти и брендот што сака да се рекламира кај неа. Оваа цена постојано ќе флуктуира во зависност од тоа колку често фановите ги читаат, лајкуваат и споделуваат нејзините објави.

Facebook impact:

Објавено сабота, 23 јули 2016 11:40:00
Напишано од Елена П