Се враќале од море па излетале од пат: Таткото заспал зад воланот...

Во страшна сообраќајна несреќа која се случила кај Сјеница, Србија, загинале Едина Ш. (33) и нејзината петгодишна ќерка

img

До несреќата дошло околу седум часот наутро на патот кај Сјеница, кога „фоклсваген шаран“ со германски регистерски таблички, прво се превртил на кров после удар во банкина, па излетал од патот.

Во автомобилот се наоѓало петчлено семејство, а мајката и ќерката за жал им подлегнале на повредите.

Едит Ш. (40), татко и сопруг, се здобил со тешки повреди опасни по живот, додека другата 10-годишна ќерка и седумгодишниот син се полесно повредени.

Како што пишуваат медиумите, семејството се враќало од море, а возел таткото Едит.

Неофицијално, изгледа Едит, кој возел цела ноќ, заспал зад воланот.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено недела, 13 август 2017 12:10:00
Напишано од Емилија